АВАРСКИ КАГАНАТ

АВАРСКИ КАГАНАТ ( Ⅵ–IX в.) – држава во Панонија, основана од Аварите (номадски племиња од турско-монголско потекло). Кон средината на Ⅵ в. се населиле во Панонија и формирале голем сојуз од племиња (Словени, Хуни и др.) на чело со каган. Од Панонија Аварите преземале пљачкашки напади врз Византија. Заедно со Словените учествувале во нападите на Солун (586, 618) и на Цариград (626), каде што доживеале тежок пораз, нивната моќ започнала да слабее. Во почетокот на IX в. Карло Велики го уништил Аварскиот Каганат. Кај словенските народи Аварите се познати под името Обри. ЛИТ.: Ј. Ковачевий, Аварски Каганат, Београд, 1977.

К. Аџ.