АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА – на Вардарскиот дал на Македонија под власта на Србија, Бугарија и Кралството на СХС Југославија


АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА – на Вардарскиот дал на Македонија под власта на Србија, Бугарија и Кралството на СХС/Југославија
(1912–1915; 1915–1918; 1919–април 1941). Од 1912 до 1915 г. Вардарскиот дел на Македонија бил окупиран од Србија. Административно-територијално била поделена на 7 окрузи, а овие на околии и општини. Од есента на 1915 до есента 1918 г. Вардарскиот дел на Македонија бил окупиран од Бугарија, прогласен за единствена воено-административна управна област под име „Македонска вое-но инспекциска област” (МВИО). Таа била поделена на 9 окрузи, од кои 7 биле целосно на македонска територија. Од 1918 до април 1941
г. Вардарскиот дел на Македонија бил во составот на Кралството на СХС/ Југославија. Во почетокот бил поделен на 7 округа, околии и општини. Со Уставот од 28. Ⅵ 1921 овој дел на Македонија бил Административно-територијална поделба на области на Вардарскиот дел на Македонија
поделен на 3 области: Битолска, Брегалничка и Скопска, а овие на околии (31) и општини. Со Законот за „името и поделбата на Кралството на управни подрачја” од 3. Ⅹ 1929 г. Вардарскиот дел на Македонија е во составот на Вардарска бановина и бил поделен на 29 околии и општини. ЛИТ.: Надежда Цветковска, Локалната управа во Вардарскиот дел на Македонија меѓу двете светски војни (1919–1941), „Историја”, бр. 1-4, Скопје, 1988/1989. Н. Цв.