АРХЕЛАЈ Ⅰ

АРХЕЛАЈ Ⅰ (шАрц…лаоз А; Арцхелаус И) (413–399 г. пр.н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади; син на Пердика Ⅱ. Спроведува воени и монетарни реформи, престолнината од Ајга, од стратегиски причини ја пренесува во Пела; гради голем број утврдувања и патишта. Како учесник во Пелопонеската војна воспоставува пријателски односи со Атина и ја добива почесната атинска титула – проксен. Го сметале за „барбарин” во однос на Хелените (Трасимах) и затоа не може да стане член на Пелопонескиот сојуз. Воспоставува македонски Олимписки игри (гимнастички, музички и драмски натпревари во чест на Дионис и Музите) во светиот град Дион; во Пела доаѓаат видни мажи од хеленскиот свет: историчарот Тукидид, трагичарот Агатон, епскиот поет Хојрил, зографот Ѕевксис, кој го исликал дворецот во Пела и основал македонска сликарска школа. Трагичарот Еврипид последните години од животот ги поминува на македонскиот двор, каде што ги пишува драмата Архелај (посветена на владетелот) и трагедиите „Бакхи” и „Ифигенија во Авлида”. Пред крајот на животот војува со линкестискиот владетел Арабај и Сира за превласт во Македонија. Убиен е на лов. ЛИТ.: Тхоуцидидес, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Диодорус Сицулус, 12 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1963; Ј. Н. Борза, Во сенката на Олимп, појавата на Македон, Скопје, 2004. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *