АТАНАСИЈ Ⅱ

АТАНАСИЈ Ⅱ . (втора пол. на ⅩⅤ¶¶ в.) – охридски архиепископ (1653–1660). Како поглавар на Охридската архиепископија се споменува меѓу Ⅱ и 20. Ⅻ 1653 г. Стапил во врска со папата Александар Ⅶ за унија (1655–1667) и заедно со пелагонискиот митрополит Еремија и драчкиот Харитон престојувале во Рим, каде што барале милостина. Во текот на 1658 г. Атанасиј Ⅱ му ги претставил своите грамоти на рускиот цар Алексеј Михајлович (1645– 1676) и на еден од најпознатите и најконтроверзни руски патријарси – Никон (1652–1658), од кои барал материјална и морална помош (милостина) за запустените цркви и манастири во дијацезата на Охридската архиепископија. ЛИТ.: И. Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®-патриарши®, Ⅱ, Софи®, 1995. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *