ВАПЦАРОВ, Никола,Јонков

ВАПЦАРОВ, Никола,Јонков (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 24. XI 1909 – Софија, 23. Ⅶ 1942) – поет, драмски автор, критичар, патописец, публицист, општественик, револуционер. Роден во семејство на пројавен македонски комита. Обата родитела мајка му Елена и татко му Јонко биле од протестантска вероисповед, а тој, при женидбата со Бојка Димитрова преминал во православие. Се школувал во родниот град, а во Варна го завршил Воено-морнаричкото училиште. Се вклучил во редовите на комунистичкото движење, па како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис Ⅲ е затворен, осуден е на смрт и стрелан во Софија. Мошне млад започнува да се пројавува како литерат. Во текот на 1938 г., заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) го Единствената стихозбирка на Н. Вапцаров „Моторни песни“ основаат во Софија Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од левата ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија, меѓу кои: Венко Марковски, Коле Неделковски, Димитар Митрев, Митко Зафировски, Ѓорѓи Абаџиев и др. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и се возвишил како ав-тор на две поетски збирки: „Моторни песни” (Софија, 1940) и посмртно „Антологија” (Софија, 1946). Автор е на драмата „Деветтиот бран”, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови. Посмртно доживува секавично литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература, со широк одглас и прифаќање во светот. Веднаш по Втората светска војна славата му се простира низ брза рецепција и во синорите на слободна Македонија, културна средина што му го приопштува легендарното име во живите развојни текови на младата македонска книжевност како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Македонската литературна наука му издвојува коректно внимание, па во прилозите на повеќемина современи македонски литературни работници (Димитар Митрев, Георги Старделов, Блаже Ристовски, Гане Тодоровски, Миодраг Друговац, Александар Алексиев, Петар Т. Бошковски и др.) соопштува јавно видувања што не наоѓаат разбирање во тогашната бугарска јавност. Без оправдани причини, во соседна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *