ВРАЖИНОВСКИ, Танас Борисов

ВРАЖИНОВСКИ, Танас Борисов (с. Смрдеш, Костурско, 23. Ⅶ 1941) – фолклорист, истражувач на македонскиот прозен фолклор, посебно на народните преданија и митологијата. По Граѓанската војна во Грција (1948) како дете бил однесен во Тулгеш (Романија), каде што го започнал основното образование, а потоа се преселил во Крошченко (Полска), каде што го завршил основното образование (1955). Средно образование завршил во Јарослав (Полска, 1961), а студирал словенска филологија во Краков (Полска) и дипломирал на Филолошкиот факултет во Софија (1966). Потоа бил професор по руски јазик во Гимназијата во Сењава (Полска, 1966-1970). Со семејството се преселил во Скопје, каде што бил асистент, научен и виш научен соработник (16. Ⅵ 1970 – 31. Ⅷ 1990) и в.д. директор (1988 – 30. Ⅳ 1989) на Институтот за фолклор во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје на тема „Социјално-класните односи во македонските народни приказни” (28. Ⅳ 1981). Бил главен и одговорен уредник на сп. „Македонски фолклор” (ⅩⅤⅠⅠⅠ ‡ⅩⅪ, 35-42, Скопје, 1985-1988). Вршел фолклористички теренски истражувања низ Република Македонија и сред македонското иселеништво во Канада и САД. Работниот век до пензионирањето го завршил како научен советник (1990), главен и одговорен уредник на сп. „Балканославика” и директор (2001-2005) на Институтот за старословенска култура во Прилеп. Превел неколку книги од пол-ски на македонски јазик и обратно. БИБ.: Разловечкото востание во современата усна прозна традиција на Разловчани, Скопје, 1976 (со коавтор); Македонски народни приказни за животни, Скопје, 1977; Македонските преданија за места, Скопје, 1979; Илинденскиот прозен револуционерен фолклор, Скопје, 1981; Самоњилѕ и пастерзе. Бајки з Социалистѕцнеј Републики Мацедонии, Њарсзсања, 1981 (со коредактор); Социјално-класните односи во македонските народни приказни, Скопје, 1982; Гоце Делчев во македонскиот фолклор, Скопје, 1985 (со коредактор); Македонски народни волшебни приказни, Скопје, 1986; Македонски народни преданија, Скопје, 1986; Богови и попови, Скопје, 1987 (со коредактор); Вампирите во македонските верувања и преданија, Скопје, 1988 (со коредактор); Народни приказни на Македонците иселеници во Канада, Скопје, 1990; Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро раскажани од Славе ЈанкуловскиГрпчевски, Торонто, 1990; Македонското иселеништво во Канада, Скопје, 1991; Споредбена монографија на македонското село Јабланица и полското село Пјентки Грензки, Скопје, 1992 (со коавтор); Македонски историски преданија, Скопје, 1992; Македонско-канадскиот комитет за човечки права во Торонто, Скопје, 1993; Организационата структура на македонското иселеништво во Канада, Скопје, 1994; Убавините на Македонија низ преданија и легенди, Скопје, 1995; За националниот карактер на Македонците, Скопје, 1997; Организацијата „Обединети Македонци”, Скопје, 1998; Македонското иселеништво во САД – организационата структура, Скопје, 2000; Актерството на народниот раскажувач, Скопје, 2002; Македонска народна митологија, кн. 1-5, Скопје, 2002 (со соработници). ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклорМарко Цепенков” – Скопје и на магистреските и докторските дисертации на соработниците 1950-2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 113-114 и 147. С. Мл. Вранешнички апостол, ракопис од ⅩⅠⅠⅠ в.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *