ГАЛИЌ, Ристо

ГАЛИЌ, Ристо (Скопје, 25. Ⅴ 1925 – Скопје, 1. Ⅳ 1985) – дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951), магистрирал на Економскиот факултет во Скопје (1973) и докторирал на Архитектонскиот факултет во Белград хитектонскиот факултет во Бел-град по предметот урбано зонирање. Се занимавал со урбанистичко и архитектонско проектирање и со научноистражувачка работа и го издал учебникот „Урбано зонирање”. Неговата активност до-аѓа до полн израз по катастрофалниот земјотрес во Скопје (1963), на изработката на новиот урбанистички план на градот Скопје. Бил активен на полето на публицистиката и објавил повеќе статии во стручни списанија. Бил директор на Заводот за урбанизам (1960–1974). Бил именуван за член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1982) и за претседател на Републичкиот комитет за урбанизам и заштита на човековата околина. Позначајни проекти: урбанистички решенија за повеќе населби во Скопје: Маџари (1952 и 1962), Кисела Вода (1954), Гази Баба (1955), Чаир и Топаана (1958). Работел на изработката на просторниот план на регионот Источна Македонија, на просторниот план на Општината Велес, како и на просторниот план на СРМ. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *