ГАРАШАНИН, Драга

ГАРАШАНИН, Драга (Париз, 1921 – Белград, 1997) – археолог. Студиите по класична филологија ги завршила (1946) во Белград, докторирала (1953) во Љубљана (за Старчевачката неолитска култура во Србија). Работниот век го поминала во Народниот музеј во Белград како кустос, раководител на Одделот за праисторија и научен соработник. Заедно со својот сопруг Милутин, кораководела неколку истражувачки проекти на Народниот музеј во Штип: Криви Дол – Радање (1956/57), Вршник – Таринци (1968), рекогносцирања во Источна Македонија и во Србија. Учесник е и во ископувањата на Барутница во Анзабегово. Објавила 253 труда. БИБ.: Старчевачка култура, Лјублјана, 1954; Проблемот на датирањето на „македонската бронза“ со посебен осврт на наодите од Радање, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 2, 1976. В. С. Милутин Грашанин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *