ГЕОРГИЕВ, Никола М

ГЕОРГИЕВ, Никола М. (Струмица, 1913 – Канада, ?) – претседател на Македонската народна федеративна организација во Пиринскиот дел на Македонија, долгогодишен политички затвореник, борец за националните права на Македонците во Бугарија по Втората светска војна. Со семејството се населил во Бугарија (1924), каде што одбил да се декларира за Бугарин и бил затворен и спроведен во логори. По Резолуцијата на ИБ (1948) дејствувал нелегално и бил осудуван. Преминал во Југославија (1975), а потоа заминал во САД и во Канада (1980). ЛИТ.: Васил Јотевски, Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944–1948, Скопје, 1996. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *