ГИНОВСКИ, Васил

ГИНОВСКИ, Васил (Галичник, средината на ⅩⅠⅩ в. – ?, 1924) – зограф и копаничар од родот Гиновски, син на Крсте Петров. Негово единствено зачувано потпишано дело во Македонија се фреските на западната фасада од црквата во Бигорскиот манастир (од 1871). Обучен во духот на мијачката школа, В. Г. имал контакти и со митрополитот Партениј Зографски од кого ја добил „Стематографијата” на Христифор Жефаровиќ според која работел, а и школувањето во Русија влијаело на неговиот стил. Пред да остане сам, поради смртта на своите браќа Алексо и Теофил (во 1894), Васил со нив работел на неколку иконостаси во Црна Гора во времето на Никола Ⅰ Петровиќ-Његош. Неговата творечка активност, вклучително и театарска режија и сценографија, била следена од ликовната критика на тогашниот печат. Бил еден од организаторите на претставувањето на Црна Гора на Големата бал-Златниот венец на СВП во 1985. канска изложба во Лондон (1907). За своите заслуги бил одликуван од кралот Никола Ⅰ со Петтиот степен на Даниловиот ред и со највисокиот орден на Руското царско графичко друштво. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 232; А. Капиџиќ, Браќа Гиновски Зографи во Црна Гора, Скопје, 1999. В. П.-К. Велимир Гиновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *