ГИНОСКИ-НАСТЕ, Лазар

ГИНОСКИ-НАСТЕ, Лазар (с. Белчишта, Охридско, 9. Ⅶ 1913 – Охрид, 5. Ⅰ 1997) – земјоделец, комунистички деец, првоборец, капетан на ЈНА во резерва. Како член на КПЈ (1942), бил интендант при Гш на НОВ и ПОМ (мај 1943–1944), избран делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил претседател на Околискиот народен одбор, на Околискиот суд и на Околискиот задружен сојуз во Охрид, директор на Претпријатието за домашни ракотворби (1957), член на Главниот одбор на НОФМ, републички и сојузен пратеник (1949–1954). Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Охридско–Струшко во Народноослободителната војна 1941–1945, кн. прва-трета, ОхридСтруга, 1990. С. Мл. Панајот Гиноски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *