ГИРОВСКИ, Григорие

ГИРОВСКИ, Григорие (Прилеп, 5. Ⅷ 1923) – виолинист. Студиите започнати на Конзерваториумот во Солун ги продолжува кај В. Хумл на Музичката академија во Загреб, а ги завршува на Националниот конзерваториум во Атина. Концерт-мајстор на Македонската филхармонија, на оперскиот оркестар на МНТ и на Ансамблот за современа музика „Света Софија” во Скопје. Водач на Скопскиот гудачки квартет, Г. бил и професор на Средната музичка школа во Скопје. Од 1962 г. работи во Германија, а потоа во Венецуела како заменик-концерт-мајстор на Симфонискиот оркестар (1972-1991). Потоа предава на Конзерваториумот во Солун, до пензионирањето. Б. Орт. Г’ЈТАН – четири гајтани, со различна должина, три во темносина боја и еден црн, исплетени од по осум конци. Изработени со плетење на чокани од волна, служеле за украсување на носијата. Сл. Ѓ. Ефтимија Главаш

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *