главата на еден непознат архијереј, веројатно св.

главата на еден непознат архијереј, веројатно св. Методиј. Претставени се и угледни архијереи на помесни источни цркви (како, на пр., на Кипарската архиепископија) и истакнати светци-митропосо нејзиното идентификување. На сводот од главниот олтарен прос-тор доминира композицијата на Христовото вознесение на небо. Во урнатата купола (во време на османлиските интервенции) се Богородица со Христос, фреска во апсидата на Катедралната црква „Св. Софија“, Охрид (Ⅺ в.) лити на градови познати од старохристијанската историја. Најголем интерес предизвика откривањето на фигурите на шест римски папи, чие место не било спорно во жестокиот дијалог помеѓу Цариград и Рим. Тие се насликани во долната зона на ѓакониконот на источната страна. Во средниот брод е насликана Евхаристијата (Причестувањето на апостолите) и Богородица со Христос во конхата на апсидата. Кон Богородица приоѓаат од двете страни поворки на ангели, по пет од северната и од јужната. Во втората зона на олтарот исто така е насликана Легендата за праведните Аврам и Исак во неколку сцени, а наспроти нив на северната страна е Литургијата на св. Василиј Велики, Лествиците на Јаков, Трите Евреи во огнена печка и уште една композиција за која во науката има различни мислења во врска пронајдени остатоци од фигурите на евангелистите. Целиот прос-тор на протезисот е посветен на циклусот Четириесет севастиски маченици, додека во ѓакониконот доминира Житието на св. Јован Крстител (Претеча). Во долната зона на наосот, иако многу оштетени, се препознаваат фигурите на свети маченици, свети лекари, св. Константин и Елена и други претстави на хоровите на светците. Во горниот дел на наосот од Големите празници се зачувани фрагменти од Благовештението, Христовото раѓање и средниот празник Воведението на Богородица во храмот. На западната страна од наосот, во втората зона, е насликана големата претстава на Успението на Богородица. Тука се наоѓаат и фигурите на старозаветни пророци. Во долниот дел на нартексот, како и во сводовите, се насликани голем број свети жени-маченички, а се издвојува композицијата Седумте ефески заспани момчиња. Во параклисот формиран над ѓакониконот е откриен циклус на Страдањата на апостолите, којшто во науката се датира во ⅩⅠⅠ в. Од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. има неколку фигури, вклучувајќи го и пресликувањето на Богородица во конхата, коишто говорат за перманентниот духовен живот во храмот. Поголема сликарска целина од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. е откриена во текот на конзервацијата на патосот на Григориевата галерија и тука се распознава сцената на Аврамовата жртва. Постојат големи сликарски и тематски целини работени во ⅩⅣ в. и тоа на катот од нартексот на „Св. Софија“, во параклисот на „Св. Јован Претеча“ и на катот од Григориевата галерија. На катот од нартексот е претставена голема галерија фигури на монаси од сите видови (пустиножители, црковни поети и др.), а тука е и ктиторската композиција со портретот на охридскиот архиепископ Никола, којшто бил поглавар на Архиепископијата во средината на ⅩⅣ в. Во овој прос-тор е насликан циклусот на Седумте екуменски собори и композициите Визијата на св. Петар Александриски и Давидовото покајание. Над сводот од истиот простор порано постоела калота (има мислења дека тоа била камбанарија или купола), каде што се откриени фрагменти на композицијата што го илустрира Вознесението на Богородица според стиховите на св. Јован Дамаскин, којшто е насликан како диригент. Во композицијата Покајанието на Давид, на мечот од архангелот е испишано името на зографот на овој ансамбл, Јован Теоријан. Во параклисот на св. Јован Претеча, чиј ктитор бил деспот Јован Оливер, е насликан ктиторот со семејството и циклус посветен на животот на св. Јован Претеча. Овој живопис се датира околу средината на ⅩⅣ в. Во егзонартексот, т.е. на катот на Григориевата галерија, се насликани неколку циклуси: Страшниот суд, Историјата на прекрасниот Јосиф, Канонот за разлучение на душата од телото, поголем број допојасја на светци од разни хорови, меѓу кои се и ликовите на св. Климент и св. Наум. Над влезната врата во егзонартексот се наоѓаат фрагменти од некогаш големата ктиторска композиција со владетелски фигури, веројатно од околу 1355 до 1366 г. За нивната идентификација постојат различни мислења. „Св. Софија Охридска“, покрај „Св. Софија Киевска“, поседува најголеми ансамбли на ѕидното сликарство од византиски стил во Ⅺ в. Во Охрид на оваа целина работеле неколку истакнати мајстори што биле ангажирани од високи претставници на црковната хиерархија. Во поранешните истражувања е укажано на стилските сродности на „Св. Софија Охридска“ со делови од живописот во „Св. Софија“ и „Панагија тон Халкеон“ во Солун, „Св. Леонтиј“ во Водоча и катедралниот храм „Св. Никола“ во Мира, т.е. во уметнички порачки на високата хиерархија. Нивниот стил ја има својата основа во обновата на уметноста по отфрлањето на иконоборството (842), кога настапува период на повторно навраќање на античкото влијание, кое веројатно се засновувало врз минијатурите. Во еволуцијата настапува период на спиритуалност под влијание на текстовите на светите отци, со тоа што настанува пригушување на античките сфаќања за убавината на телото со поголемо истакнување на духовноста на насликаните фигури. Најдобри претставници на овој поглед на уметноста се портретите на архијереите во главниот олтарски простор (св. Василиј Велики, св. Јован Златоуст и др.). Античките елементи може да се следат низ убавината на формите во ликовите на ангелите што $ се поклонуваат на Богородица. Тие се сликани со нагласена колоритност и драперии, простудирани според постари примери. Овие елементи се забележуваат и во сцената на Успението на Богородица, како и во Раѓањето на Христос, во кое има силни хеленистички реминисценции. Во науката се оценува дека неколку претстави во олтарот се конципирани според сугестиите на ктиторот Лав (Леон), којшто бил директен учесник во полемиката со Римската црква пред шизмата, а се оценува дека неговите ставови ги застапувал и цариградскиот патријарх Михаил Керулариј. Од тој вид се композициите на Евхаристијата (Причестувањето на апостолите) и Литургијата на св. Василиј Велики, во начинот на претставувањето на чесниот леб. Ктиторот секако инсистирал да бидат насликани папите за да го истакне единството на христијанската црква преку портрети што биле и во источната црква високо почитувани. Вториот голем ансамбл на катот од нартексот, заедно со фреските на катот од Григориевата галерија, припаѓаат на ателјето на Јован Теоријан, којшто има своја појдовна основа во фреските на Ми-хаил и Евтихиј. Меѓутоа, во нив се Фреска: Вознесение Христово, „Св. Софија“, Охрид (Ⅺ в.) забележува еволуцијата што настапила во источнохристијанската уметност во текот на првата половина на ⅩⅣ в., со бројност на сцените, со доста наративни елементи, живописност, архитектонска кулиса, пејзажот и сликаните детали од животот. Очигледно оваа работилница оставила големи траги и во други цркви на Охрид, а од неа произлегуваат и мајсторите на високите зони од Марковиот манастир кај Скопје. Низ низа детали проф. В. Ј. Ѓуриќ ги забележува знаците што се провлекуваат и во фреските на охридските цркви и параклиси – во „Св. Богородица Болничка“, параклисите во „Св. Богородица Перивлепта“, додека поновите истражувачи сликарскиот ракопис на Јо-ван Теоријан го забележуваат и во „Св. Ѓорѓи“ во Речица, Охридско, „Св. Богородица Пештанска“ крај брегот на Охридското Езеро, но и во некои цркви во регионот на Тетово и Куманово. Оваа работилница во голема мера дава печат на живописот во Македонија во времето додека таа била во рамките на српската средновековна држава, како и во времето на владеењето на Кралот Марко. Во „Св. Софија Охридска“ во овој живопис од средината на ⅩⅣ в. се разликуваат неколку мајстори, но интересен е фактот дека во параклисот на „Св. Јован Претеча“, што го порачал деспот Јован Оливер, не се распознава работилницата на Јован Теоријан. ЛИТ.: М. Злоковиђ, Старе цркве у области Преспе и Охрида, Старинар, Ⅲ, Београд, 1925; Н. Окунев, Фрагментс де пеинтурес де л’Еглисе Саинте Сопхие д’Оцхрид, Мелангес Цхарлес Диехл, Ⅱ, Парис, 1930, 117–131; Петар Миљковиќ-Пепек, Материјали за македонската средновековна уметност: Фреските во светилиштето на црквата Св. Софија во Охрид, „Зборник на Археолошкиот музеј-Скопје“, И, Скопје, 1956, 37–67; Светозар Радојчи¢, Фреска покајања Давидовог у охридској Св. Софији, „Старинар“ н. с., Ⅸ–Џ, Београд, 1959, 133–136; Ибид., „Чин бивајеми на разлученије души од тела“ у монументалном сликарству ⅩⅣ века, ЗРВИ, Ⅶ, Београд, 1961, 39–50; Г. Бошковиђ – К. Томовски, Средновековна архитектура во Охрид, Зборник на трудови, Охрид, 1961, 71–100; Радивоје Љубинкови¢ – Мирјана ´орови¢-Љубинкови¢, Средновековното сликарство во Охрид, Зборник на трудови, Охрид, 1961, 101–106, 110, 129–131, 136–137; В. Н. Лазарев, Живопис Ⅺ–ⅩⅠⅠ веков в Македонии, ⅩⅠⅠ Цонгрèс интернатионал дес етудéс бѕзантинес, Раппортс, Белграде-Оцхриде, 1961, 114–120; Петар Миљковиќ-Пепек, Материјали за историјата на средновековното сликарство во Македонија, Ⅱ, Циклусот страданија апостолски од Св. Софија во Охрид, „Зборник на Археолошкиот музеј – Скопје“, Ⅲ, Скопје, 1961, 99-105; Воислав Ј. ™ури¢, Црква Свете Софије у Охриду, Београд, 1963; Цветан Грозданов, Охридско ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980; истиот, Студии за Охридскиот живопис, Скопје, 1990. Цв. Гр. – Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *