ГЛАВЕН ШТАБ НА Ⅱ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ

ГЛАВЕН ШТАБ НА Ⅱ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ (1903) – врховно воено-политичко тело на Илинденското востание во Ⅱ (Битолски) револуционерен округ, избран на Смилевскиот конгрес (2–7. Ⅴ 1903), во состав: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. За резервни членови биле избрани Ѓорѓи Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Ингеренциите на Гш биле утврдени со Востаничкиот дисциплински устав: да раководи со востанието; да води преговори со странци и со непријателот; да одржува врски со другите окрузи и со надворешниот свет. За своите постапки Гш одговарал пред Конгресот. Гш го определил денот за почетокот на Востанието. Гш имал сопствен печат, знаме и чета. Гш издал неколку акти: Пренесување на ингеренциите на околиските комитети врз реонски начелства; Одлука и известување до реонските началства за почетокот на востанието; Предупредување до Дирекцијата на Источните железници за безбедноста на патниците; Меморандум до владите на големите сили; Одлука за прекин на востаничките дејства и за расформирање на Гш (25. Ⅻ 1903). ЛИТ.: Манол Пандевски, Илинденското востание во Македонија, Скопје, 1978. В. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *