ГЛАВЈУК, Сергеј

ГЛАВЈУК, Сергеј (Дрезден, Германија, 1958) – современ руски поет и преведувач. Дипломирал на Сергеј Главјук Литературниот институт „Максим Горки” во Москва. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Ги објавил поетските книги „Голтка” (1991) и „Точка на возвратот” (1997). Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик, во препев на Гане Тодоровски, под наслов „Агли”, издание на „Матица македонска”. Се занимава активно со преведување поезија од словенските јазици. Објавил на руски јазик две антологии на македонската поезија, како и одделни книги песни од Константин Миладинов, Радован Павловски, Јован Стрезовски, Славе Ѓорго Димоски и Раде Силјан. Учествувал повеќепати на Струшките вечери на поезијата. Г. Т. Метеоролошката станица во Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *