ГЛАСНИК“ –

„ГЛАСНИК“ – списание на Републичкиот хидрометеоролошки завод. Првиот број на списанието излезе од печат 1979 г., а во него се обработуваа достигањата и проблемите на метеорологијата, климатологијата, хидрологијата и агрометеорологијата, противградобијната одбрана, синоптиката, хидрологијата, загаденоста на водите, загаденоста на воздухот, загаденоста на почвите и друго. Од 1998 г. почна да се печати списанието „Метеоревија“, во кое се обработуваат теми и информации од областа на метеорологијата на популарен начин и се даваат сознанија како тие да бидат применети во македонското стопанство. Издавач е Метеоролошкото здружение на РМ, а во реализацијата учествува и Управата за хидрометеоролошки работи. ЛИТ.: Коле Јордановски, Развиток на хидрометеоролошката служба во СР Македонија, „Хидрометеоролошки гласник“, Скопје 1979; „Метеоревија“, Скопје, 1998; „Годишен преглед“, Управа за хидрометеоролошки работи, 2005. М. З.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *