ГЛАС МАКЕДОНСКИ

ГЛАС МАКЕДОНСКИ“ (Софија, 28. XI 1893 – 24. Ⅻ 1898) – неделен весник. Го уредувале Коста шахов (одговорен уредник), О. Ф. Обрешков, Х. Стојанов, Георги Алексиев и А. С. Василев. Се печател во печатницата на Иван Гуцев, Ив. К. Божинов, Бр. П. Спиркови. Администратор на весникот 8 месеци бил Марко К. Цепенков. Се залага за слободна и автономна Македонија. Гоце Делчев го испраќал во Македонија како погодна литература за членовите на ТМОРО. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 71-74; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 46. С. Мл. Весникот „Глас на Егејците“ (Скопје)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *