ГЛЕДСТОН, Вилијам Еварт

ГЛЕДСТОН, Вилијам Еварт (Њиллиам Ењарт Гладстоне) (Ливерпул, 29. Ⅻ 1809-Харден, 19. Ⅴ 1898) – британски политичар и државник. Од времето на Кримската војна (1853-1856) со интерес ги следел состојбите на Балканот под власта на османлиската држава, вклучително и во Македонија. Во времето на големата источна криза се застапувал за решавање на источното прашање врз принципот „Балканот на балканските народи”. Се застапил и за разрешување на македонското прашање врз принципот „Македонија на Македонците”, како „Бугарија на Бугарите” и „Србија на Србите”. Како трајна солуција предлагал создавање балканска конфедерација. Гледстон бил првиот државник во Европа што се застапил за создавање македонска држава. ЛИТ.: Х. Андонов-Полјански, Вилијам Гледстон за Македонија, „Културен живот“, Ⅹ/7, Скопје, 1965; Македонското прашање, Скопје, 1990. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *