ГЛУВЦИ ВИСТИНСКИ

ГЛУВЦИ ВИСТИНСКИ (Муринае) – потфамилија од редот глодари (Родентиа), со должина на телото од 6 цм (џуџесто глув£е) до 30 цм (стаорец-скитник). Заеднички белези им се: шилеста муцка, долги уши, кои стр£ат над крзнената покривка и опашка која е подолга од половина должина на телото. Во Европа живеат пет рода со вкупно 14 вида, а во Македонија, четири рода со девет вида: полски блатен глушец (Аподемус аграриус), глушец камењар (Аподемус мѕстацинус), жолтогрлест глушец (Аподемус флавицоллис), шумски глушец (Аподемус сѕлватицус), џуџест глушец (Мицромѕс минутус), домашен глушец (Мус доместицус), македонски глушец (Мус мацедоницус), домашен стаорец (Раттус раттус) и стаорец-скитник (Раттус норвегицус). ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П.Ј.Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј.Б.М. Тхиссен, В.Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас оф Еуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Св. П. – В. Сид. ГЛУВЦИ ПОЛЈАНКИ (Арвицолинае) – потфамилија глувци, во која се вклучени полјанките и леминзите. Распространети се низ палеарктичкиот дел на Евроазија, Северна Африка и Северна Америка. Иако филогенетски произлегуваат од хрчоците, за разлика од нив полјанките развиле посебен тип катници, со комплексна површина во вид на пила, за џвакање на нискокалорична трева. Во Македонија се регистрирани десет вида, кои припаѓаат на шест рода: лисеста полјанка (Цлетхриономѕс глареолус), бизамска полјанка (Ондатра зибетхицус), високопланинска полјанка (Динаромѕс богданови), водна полјанка (Арвицола террестрис), планинска полјанка (Мицротус арвалис), обична полјанка (Мицротус россиаемеридионалис), јужна полјанка (Мицротус гуентхери), четинарска полјанка (Мицротус субтерранеус), фелтенова полјанка (Мицротус фелтени) и снежна полјанка (Цхиономѕс нивалис).ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицаци на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В.Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас оф Еуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Св. П. – В. Сид. Говрлево

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *