ГОЛАБОВСКИ, Сотир

ГОЛАБОВСКИ, Сотир (Струга, 30. Ⅹ 1937) – композитор и музиколог. На Музичката академија во Љубљана дипломира композиција во класата на Л. М. шкерјанц, кај кого ги завршува и постдипломските студии. Специјализира во Германија, каде ги посетува курсевите за современа музика во Дармштат. По враќањето во Скопје, работи како музички соработник во Радио Скопје, а потоа е професор на Педагошката академија. Докторира (1985) на тема: „Музичките ракописи од Охридската збирка и најстарите сочувани македонски триоди на словенски јазик”, под менторство на В. А. Мошин. Истата година стапува на Факултетот за музичка уметност, каде предава сè до 2001 г. Во своите композиции Г. се труди да оствари синтеза на елементи од македонскиот музички фолклор, со европските композициски шеми на ⅩⅩ в. Автор е на дела од повеќе музички родови. Се занимава и со музичка публицистика и критика (објави бројни статии во домашни и странски списанија), а еден од најзначајните делови на неговиот опус претставува проучувањето на македонското музичко минато. Почнувајќи од 1970 г., заедно со Д. Ортаков, ги објавува првите дешифрирани духовни напеви на македонски автори од ⅩⅠⅩ в. Подоцна, го објавува сопственото видување на византиско-словенската музика во Македонија, во едицијата „Македонско црковно пеење”. Б. Орт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *