ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА -. христијански православен празник посветен на Успението на Пресвета Богородица (15/28 ав-густ). За подостоинствено празнување, на празникот му претходи двенеделен пост. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак празникот на нејзиното успение отпрвин не се празнувал. Во почетокот се празнувал празникот Собор на Пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја, како и другите нејзини празници, се одделил и празникот на нејзиното Успение. ЛИТ.: Лазар Мирковић, Хеортологија, Београд, 1961; Свето писмо на Стариот и Новиот завет, Скопје, 1990; Марко Китевски, Македонски празник, Скопје, 2001. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *