ГОЛЕМА БУГАРИЈА

ГОЛЕМА БУГАРИЈА (1870-1998) – руско-бугарски проект за создавање голема бугарска држава на Балканот, официјализиран со издејствувањето на актот за создавање Бугарска егзархија (11. Ⅲ 1870) под чија јурисдикција биле ставени македонската Велешка епархија и двете српски епархии – Нишката и Пиротската. Русија пристапила кон операционализација по победата во војната со Турција. Со прелиминарниот Санстефански договор (3. Ⅲ 1878) Русија го официјализирала проектот за „Голема Бугарија“ од Црното Море до Охридското Езеро, планината Грамос и Костурското Езеро на запад и од Дунав на север до Егејското Море. Западните европски големи сили на Берлинскиот конгрес (1878) го спречиле нејзиното создавање, но проектот станал опсесија за Бугарите. Врз проектот за санстефанска Бугарија била градена и водена бугарската државна политика. Во 1897, а потоа и во 1904 г., непосредно по Илинденското востание, Бугарија склучила тајни договори со Србија за усогласување на политиката во однос на Македонија, без разграничување на интерес-Територијата на „Голема Бугарија” ните сфери. За реализацијата на големодржавната политика Бугарија склучила Договор за офанзивен сојуз (29. Ⅱ / 13. Ⅲ 1912), со таен додаток за поделба на Македонија. Со државите сојузнички од Балканскиот сојуз влегла во војна против Турција со сите воени и економски потенцијали. Незадоволна од поделбата на освоените територии во Македонија, Бугарија ја започнала Втората балканска војна, во која претрпела катастрофален пораз. Во Првата светска војна влегла на страната на Централните сили, го окупирала и го анектирала Вардарскиот дел на Македонија (и Источна Србија), прогласувајќи обединување на Бугарија и реализација на санстефанската програма. По поразот во војната, Бугарија со Нејскиот мировен договор (1919) би-ла присилена да го отстапи Струмичкиот крај во Македонија, а $ биле одземени и бугарските „западни покраини” што $ биле доделени на Србија, односно на државата на Србите, Хрватите и Словенците. Во Втората светска војна Бугарија му пристапила на Сојузот на фашистичките сили, го окупирала и го анектирала поголемиот дел од Македонија. По 9тосептемврискиот државен преврат и по доаѓањето на власт на Бугарската комунистичка партија, Бугарија декларирала напуштање на големодржавната политика на монархистичките режими; го поздравила создавањето на македонската национална држава во Вардарскиот дел на Македонија – Демократска Федерална Македонија во Југословенската федерација и ги признала македонскиот народ, нацијата и јазикот. На македонскиот народ во Пиринскиот дел во Бугарија им признала културна автономија во периодот до Резолуцијата на ИБ (1948), во таканаречениот „Димитровски период” во Бугарија. Потоа бугарското комунистичко државно раководство повторно се вратило на политиката за бугарскиот карактер на Македонија, на македонскиот народ и јазик. Па-дот на комунистичката власт (1989) не донесе радикални промени во позицијата на Бугарија во поглед на бугарските аспирации. Бугарија (прва) ја призна независноста на РМ, но ги негираше и ги негира македонската нација, историјата и јазикот. Денот на пот-пишувањето на Санстефанскиот прелиминарен мировен договор (3 март) е прогласен за национален и државен празник. Во Бугарската национална доктрина, објавена во 1997 и 1998 г., македонскиот народ е третиран како бугарско население надвор од државата Бугарија. Бугарија и непосредно пред и со стапувањето во полноправно членство во ЕУ не го признава постоењето на македонското национално малцинство во Пиринскиот дел на Македонија. ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, Санстефанска Бугарија, Скопје, 1968; Михајло Миноски, Македонија во билатералните и мултилатерални договори на Балканските држави, Скопје, 2000; Македонија во меѓународните договори, И, Скопје, 2006; Васил Јотевски, Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија, Скопје, 1996. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *