ГОЛЕМА РЕКА

ГОЛЕМА РЕКА – десна притока на р. Сатеска. Извира северозападно од Плакенска Планина, на н.в. од 1.880 м, а се слива на н.в. 759 м. Долга е 24,1 км, има вкупен пад од 1.121 м и просечен пад од 46,5 ‰. Сливот зафаќа површина 2 од 123,0 км . Во горниот дел има планински, а во долниот дел рамничарски карактер. Помеѓу сливот на оваа река и Мраморечка Река постои подземна природна бифуркација. Др. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *