ГОРАЗД, митрополит

ГОРАЗД, митрополит (Богољуб Димитриевски) (с. Стрезовце, Кумановско, 21. IX 1936) – архиереј на Македонската православна црква. Завршил Богословија во манастирот Раковица (кај Бел-град) и Богословски факултет во Белград (1964). Бил службеник во Македонската архиепископија, а потоа парохиски свештеник во црквите „Св. Петка” и „Св. Ѓорѓи”, Криви Дол. На 26. Ⅶ 1977 г. бил замонашен и хиротоносан за епископ тивериополски. Администрирал со Преспанскопелагониската, Злетовско-струмичката и Штипската епархија (1979– 1986), бил Струмички митрополит (1989–1994) и ја раководел Европската македонска православна епархија (1995–2006). Митрополит Горазд Во 2006 г. е пензиониран и ја задржува титулата поранешен митрополит европски. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Михаил Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 1994; истиот, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *