ГОРНОЏУМАЈСКИ ВОСТАНИЧКИ ОДРЕД

ГОРНОЏУМАЈСКИ ВОСТАНИЧКИ ОДРЕД (1923) – вооружен одред во Септемвриското востание во Пиринскиот дел на Македонија. Одредот (120 востаници – учители, селани, работници, службеници, занаетчии) под команда на гимназискиот професор Алекси Величков се упатил да дејствува во Разлошко, каде што востаниците го ослободиле гр. Мехомија и била воспоставена работничко-селска власт. На пат за Разлошко Одредот бил нападнат од четничките одреди на ВМРО и од армиски и полициски сили и му биле нанесени големи загуби. Десеткуван, Одредот пристигнал во Разлошко (26. IX), каде што бил расформиран, бидејќи тамошните востаници биле поразени и присилени да им се предадат на четничките сили на ВМРО, предводени од Алеко ВасилевПашата. ЛИТ.: Георги В. Димитров, Септемврийското въстание в Благоевградски окръг, Благоевград, 1970. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *