ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – развојот на градот како урбана агломерација на територијата на Македонија. Градовите се развиваат низ повеќе историски периоди, со различна динамика, секогаш во зависност од видот и степенот на условеноста (историска, географска, природна, религиозна, воена и сл.). Типовите на градска/урбана агломерација варираат во зависност од наведените фактори, но најмногу од специфичноста на историскиот миг во кој се разгледува нивната генеза. На територијата на Македонија постојат остатоци од градови од периодот на антиката, од периодот на византиското владеење, како и градови што се развиле во периодот на османлиското владеење, од кои поголемиот дел с” уште опстојуваат интегрирани со сите историски слоеви во рамките на денешните урбани структури. Посебно е интересен периодот на ⅩⅠⅩ в., кога промената на социјалната градска структура и афирмацијата на новиот начин на мислење, поттикнати од интензивната индустријализација и процесот на глобалната „европеизација” што коренито ги зафатија сите слоеви од социјалниот, културниот и економскиот живот, придонесоа за појавата на нови урбанистички и архитектонски интервенции. Одредени заклучоци упатуваат дека блескавиот период на македонските градови, нивната „ренесанса”, трае доста кратко (1830–1880). Во тој период, градскиот живот во Македонија функционално и суштински се издига на повисоко ниво, а урбанизацијата добива но-ви форми. Состојбата во македонските градови добива сосема нова димензија во урбанистичка и архитектонска смисла, бидејќи деГрадиште, Јегуновце (Ⅹ-ⅩⅠⅠⅠ в.) Карта на градовите во Македонија финитивно се разбива традиционалното јадро на градот преку трансформацијата во град со развиена и архитеконски на високо ниво обработена станбена зона, со нови општествени функции и нова развиена, архитектонски солидно формирана работна зона – чаршијата. Слични или структурно различно поставени тенденции се развивани и во периодот меѓу двете светски војни (1918–1941), кога македонските градови организирано се градат според однапред подготвена, стручна и план-ска документација, поставувајќи ги основите на еден поинаку третиран урбанизам. Својот најинтензивен развој градовите во Македонија го бележат во периодот по завршувањето на Втората светска војна, остварувајќи специфичен напредок во однос на почитувањето на прифатените стандарди и нивното вградување во современата профилација на градовите. ЛИТ.: Борис Чипан, Македонските градови во ⅩⅠⅩ век и нивната урбана перспектива, Скопје, 1978; истиот, Старата градска архитектура во Охрид, Скопје, 1955; истиот, Старата македонска куќа: вредности на културната традиција, Скопје, 1964; истиот, Старата градска архитектура и урбанизација на градовите, Материјали од Симпозиумот: Охрид, 17–21 декември 1964, Скопје, 1964; Кокан Грчев, Националниот стил во македонската архитектура на ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Историја на идеите на почвата на Македонија, Скопје, 2000; истиот, Архитектонските стилови во Македонија од крајот на ⅩⅠⅩ век и периодот меѓу двете светски војни, Скопје, 2003. К. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *