ГРАТЧЕ

ГРАТЧЕ – вештачко езеро во долината на Кочанска Река. Браната е од армиран бетон, должината на круната е 150 м, дебелината е 1,0 м, а нејзината височина над теренот изнесува 29,0 м. Котата на нормалното ниво на акумулацијата се наоѓа на н.в. од 465 м. Максималната должина на езерото е 2,1 км, широчината 0,35 км, а за2 фаќа површина од 0,90 км . Вкупната зафатнина изнесува 2.400.000 33 м , од која 380.000 м е мртов прос3 тор, а преостанатите 2.020.000 м е корисен простор. Се полни од водите на Кочанска Река. Водата од езерото се користи за наводнување на оризовите површини во Кочанска Котлина, потоа за водоснабдување на градот Кочани, како и за потребите од техничка вода во фабриката за целулоза. Лачната бетонска брана е изградена во 1959 г. на Кочанска Река, 6 км спротиводно од градот Кочани, врз основа од кристални шкрилци. Висока е 29 м, со должина на круната 150 м и волумен 3 од 12.000 м бетон, формира аку3 мулација од 2,4 мил. м , за водоснабдување и наводнување. Од придружни објекти има прелив со 3 капацитет од 120 м /сец и темелен испуст со пресек 1.000 мм. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В. – Љ. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *