ГРАФИКАТА ВО ⅩⅩ В

ГРАФИКАТА ВО ⅩⅩ В. Македонската современа графика својот почеток го бележи во периодот меѓу двете светски војни и во текот на НОВ со дрворезите и линорезите што имаат улога на илустративен пропаганден материјал. Графиката ја промовирале сликарите Н. Мартиноски, В. По-повиќ-Цицо, Б. Лазески. Кон средината на 50-те години се појавува првата генерација на школувани графичари (М. Спировска, Д. Аврамовски, П. Хаџи Бошков, Д. Протуѓер). Во натамошниот развој на овој медиум значајна е употребата на различни техники (бакрорез, бакропис, акватинта, литографија, сува игла, мецотинта, сито-печат). Ликовно-естетските истражувања се движат од поетскиот реализам до експресионизмот, надреализот и апстракцијата (Б. Барутовски, Д. Биков, Т. Крмов, Д. Перчинков, С. шемов, В. Чауле, Д. Малиданов, Ѓ. Чулаковски, З. Јакимовски, Д. Николов, М. Рауник). Постмодернистички концепти внесуваат С. Јанешлиева, А. Стојковиќ, О. Мусовиќ и Д. Томиќ. ЛИТ.: Сонја Абаджиева, Графика у Македонији, во: Југословенска графика 1950-1980, Београд, 1986; Љубица Дамјановска, Современа македонска графика, во: Ⅹ графичка изложба на ДЛУМ, НУБ „Климент Охридски”, Скопје, 1979. З. Ал.-Б. Миховил Грачанин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *