ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА

ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА -. вид неполни средни училишта во кои се добивале практични знаења за трговски, индустриски, занаетчиски и земјоделски занимања. Меѓу двете светски војни во Вардарскиот дел на Македонија ги имало, речиси, во сите градови. Првите граѓански училишта биле отворени во Кочани (1927/28), Берово, Кратово, Свети Николе и во Крива Паланка (сите во 1928/29). Обуката траела 4 години, а се примале ученици со завршено основно четиригодишно училиште. Завршените ученици имале ограничени можности за про-должување на образованието во гимназијата и во некои други средни училишта. ЛИТ.: Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *