ГРИГОРИЈ Ⅱ – охридски архиепископ

ГРИГОРИЈ Ⅱ – охридски архиепископ (1356-1378). Бил сведок на османлиските навлегувања на Балканот. Спомнат е во натпис над западната врата на капелата „Св. Климент” во Охрид (1364/ 1365), во натписот на капелата „Св. Григориј Богослов” во Перивлепта (1364/1365), во ктиторскиот натпис на црквичката „Мал (Стар) Свети Климент” (1378) и во судскиот акт на деспотот Углеша за спорот помеѓу Зографскиот манастир и епископот на Јерисо – Давид (1369). Имал значајна улога во помирувањето на патријархот од Константинопол со серските епархии. Во Народниот музеј во Охрид е зачуван печат од Григориј, но не е утврдено со сигурност дека токму нему му припаѓал. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, т. 1, От основането ñ до завладяването на Балканския полуостров от турците, и т. 2. От падането $ под турците до нејното униÈожение (1394– 1767), София, 1931; Д-р Јован Белчовски, Охридска архоепископија. Од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997, 368–369, 382, 390– 391, 400–402, 446, 553–555; истиот, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник” на Богословски факултет „Свети Климент Охридски”, кн. 8, Скопје, 2002, 65–66. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *