ДЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ДЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА . (месноста Црвена Вода кај с. Зборско, на пл. Кожуф, 22. Ⅷ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 350 борци, главно од Втората македонска НОУБ, а по два дена им се приклучиле и други доброволци, па бројниот состав нараснал на околу 450 борци. Заедно со Втората и Деветтата македонска НО бригада влегле во составот на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ (24. Ⅷ – декември 1944). Дејствувала главно во Тиквешијата и Прилепско долж комуникацијата Прилеп-Градско-Велес, напаѓајќи ги германските колони што се повлекувале од Грција. Учествувала во борбите за ослободување на Прилеп (29. Ⅹ – 2. XI), на Кичево и на Гостивар. Потоа била преместена во Кичево и влегла во составот на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ (30. Ⅻ 1944). ИЗВ.: Зборник на документи НОР, том Ⅶ/2, док. бр. 18, с. 40. ЛИТ.: Петар Ефремовски–Џино, Десетта македонска бригада, Кавадарци, 1982; Д-р Марјан Димитриевски, Македонската војска 1944–1945, ИНИ, Скопје, 1999, 113–115. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *