ДЕСЕТТИ ПЛЕНУМ НА БРП

ДЕСЕТТИ ПЛЕНУМ НА БРП(к) (Софија, 9-10. Ⅷ 1946) – проширен пленум на БКП одржан под раководство на Георги Димитров на кој била донесена Резолуција за македонското прашање. На Пленумот Димитров изјавил дека не постојат три, туку една Македонија, еден македонски народ што како посебен народ треба да се обедини во составот на ФНРЈ. За почеток да се воведе културна автономија во Пиринскиот дел од Македонија со отворање македонски училишта, воведување на македонскиот јазик и историја во наставата и културна соработка со НР Македонија. По Резолуцијата биле отворени: Македонски народен театар, Македонска книжарница и бил ширен македонскиот печат. Но по Резолуцијата на ИБ (1948) Културната автономија била укината. ЛИТ.: БКП, Комитерн„т и македонски®т в„прос, Ⅱ, София, 1999; Историска вистина, Скопје, 1981. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *