ДИМИТРИЕВИЧ, Јован

ДИМИТРИЕВИЧ, Јован (Иван; Јоаникиј Охридски) (Охрид, ⅩⅠⅩ в.) – монах, книжевник и печатар, автор на учебници и црковни книги. Бил близок соработник со Неофит Рилски и близок со тогашните црковни кругови. Долго време работел како печатар и управник на Одделот за словенски книги во Патријаршиската печатница во Цариград, каде што се сретнал и со рускиот славист Виктор Григорович (1844). Подоцна бил преподавател по црковнословенски јазик на новоотворената катедра по словенски јазици на Богословското училиште на о. Халки (1847-1848). БИБ.: Първоначална наука за должностите на человека од Франческо Соави, Цариград, 1844 (превод од грчки); Службеник малиј с прибавлением и некаторÎх молитв глаголаемих в некиј дни и обстојателствах, Белград, 1845; Черковнославянска граматика, Цариград, 1850 (прирачник за учениците во Богословското училиште на о. Халки); Граматика за славјанскиј јазик с греческо изражение, Цариград, 1850 (превод во соработка со Неофит Рилски); Службеник мајли (Цариград, 1853); Пасхалија сиреч песненно последование, Цариград, 1869 (НУБ „Климент Охридски“ – Скопје, Р. Ⅱ 894). ЛИТ.: Н. Ванков, Неофит Рилски, „УчилиÈен преглед“, Н° 1, София, 1906, 11; Ив. шишманов, В. И. Григорович, неговото пътуване низ Европейска Турция (1844-1845) и неговите отношения к„м Б„лгарите, „Сборник“ на БАН, 6, София, 1916, 158; М. Стоянов, Б„лгарска възрожденска книжнина, София, 1957, 56 и 81. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *