ДИМИТРОВ, Константин Василев

ДИМИТРОВ, Константин Василев (Велес, 7. Ⅲ 1943) – машински инженер. Дипломирал на Електромашинскиот факултет (Машински оддел) во Скопје Константин Димитров (1966), магистрирал (1974) на Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб (Хрватска), а докторирал (1988) на Машинскиот факултет во Скопје. Од 1966 е вработен на Машинскиот факултет во Скопје како редовен професор. Држел настава во Приштина и на ТФ во Битола; специјалистички курсеви во: Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Турција. Бил на студиски престои во: САД, швајцарија, Франција, шведска, Финска, Јапонија, Англија, Филипини, Хрватска. Има повеќе од 450 научностручни трудови и 10 меѓународни проекти. Автор е на 18 книги и учебници. Награден е со Патент на годината на РМ (1998). Член е на Бордот на директорите на ИГА, на Советот на град Скопје, на Одборот на Синдикатот за образование на РМ, на Одборот на директорите при МЗТ Опрема; претседател на ЗЕМАК, МАЦЕФ, ДТМ. Продекан на МФС; заменик-градоначалник на град Скопје. Сл. А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *