ДИЈАЛЕКТИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

ДИЈАЛЕКТИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Македонскиот дијалектен комплекс прилично рано се издвоил од прасловенската јазична заедница. Веќе во Х в. во староцрковнословенските текстови настанати на македонска почва може да се следи карактеристичната македонска замена на еровите, различна од српската и од бугарската. Фактот дека најстариот словенски писмен јазик (староцрковнословенскиот), се базира врз македонските говори од околината на Солун е причина што македонските дијалекти привлекле внимание на многу еминентни слависти уште пред конечната кодификација на македонскиот стандарден јазик. Ги имаат анализирано и опишувано > А. Белиќ, > А. Вајан, > М. Малецки, > А. Мазон, > Л. Милетич, > К. Мирчев, > В. Облак и др. Основите на македонската модерна дијалектологија ги положи > Б. Видоески, кој, исто така, спроведе прва исцрпна научна класификација на дијалектите на македонскиот јазик (сп. Дијалектите на македонскиот јазик, И–Ⅲ, МАНУ, 1998–1999). Според таа класификација на македонската територија се изделуваат три основни дијалктни комплекси: западното наречје, југоисточното наречје и северните говори. Западното наречје ги опфаќа централните говори и западните периферни говори, т.е. горнополошкиот, кичевскиот, дебарскиот, струшкиот, охридскиот, преспанскиот, дримколско-голобрдскиот, вевчанскорадошкиот, малореканскиот и реканскиот. Централните говори од западното наречје претставуваат база на современиот македонски стандарден јазик. Југоисточното наречје ги опфаќа Штипско-струмичките говори, тиквешко-мариовските, малешевско-пиринските, јужните говори (т.е. солунсководенските и серско-лагадинските) и костурско-корчанските говори (корчанскиот, костурскиот и нестрамско-костенарскиот). Северните говори, распоредени по должината на српската граница, имаат многу особини чие иновационо огниште се наоѓа на српската територија. Горната класификација е спроведена врз основа на географската дистрибуција на неколку стотици фонолошки и морфолошки особини. Во последните децении се појавуваат и монографии што ја опишуваат дијалектната синтакса и дијалектниот лексикон. Може да се очекува дека Дијалектниот атлас на македонскиот јазик ќе ја претстави дијалектната поделба на македонската јазична територија дополнета со сознанија од тие две области. З. Т. ДИЈАМАНДИЕВ, Васил (Охрид, 30. Ⅰ 1839 – Софија, 1. Ⅴ 1912) – учител, општественик и политички деец. Бил учител во Охрид (1855-1857), а потоа заминал на школување (1858) во Москва и во Киев. По враќањето учителствувал во Кукуш (1861-1864), во Велес (1864-1866) и во Охрид (1866/ 1867). По апсењето од османлиските власти, заминал во Бесарабија (1868) како учител во Комрат (1869–1876) и редактор на в. „Ехо на Болград” (1872–1873) и на „Џлпуг” (1872– 1873). Бил учесник и еден од водачите на Кресненското востание, а во времето на Берлинскиот конгрес (1878) испраќал петиции до светските фактори за решавање на македонското прашање. Подоцна се преселил во Софија (1879) и бил избран за народен претставник во Основачкото народно собрание и во Првото велико народно собрание (1879). Бил раководител на библиотеки, директор на гимназија и апелационен судија. Во Русе ја основал Македонската лига (1880), го раководел Македонското благотворно друштво (1882–1884), бил активен во Друштвото „Македонски глас” (1885–1886), во ВМОК (1885) и во Тајниот македонски комитет (1886), испраќајќи вооружени чети во Македонија. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Портрети од македонската литературна и национална историја, И, „Култура”, Скопје, 1980; истиот, Македонија и македонската нација, Скопје, 1995. С. Мл. Славко Димевски ДИМЕВСКИ, Славко Кирилов (Куманово, 31. Ⅴ 1920 – Скопје, 24. Ⅳ 1994) – црковен деец, историчар и писател. Основно училиште и нижа гимназија завршил во родниот град и во Скопје. Извесен период живеел во Србија, а потоа го продолжил своето образование во Богословската семинарија (средно теолошко училиште) во Битола. По завршувањето на гимназијата во Куманово и во Скопје, Карта на дијалектите на македонскиот јазик бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје (8. Ⅴ 1943), а во наредниот ден и за свештеник во ПробиШтипската енорија. Како свештеник најдолго време работел во с. Стојаково, Гевгелиско и во црквата „Св. Троица“ во Куманово (1943-1957). Бил учесник во НОВ (1944) и фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб). Како вонреден студент, дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (26. IX 1956) и продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје. Наредната година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје како асистент во Одделението за преродбенско-националноослободително движење и раководител на Документационото одделение (1957-1962). Докторирал на тема „Католичката поропаганда на унијатското движење во Македонија од средината на втората половина на ⅩⅠⅩ в. до Балканските војни“ на Филозофскиот факултет во Скопје (23. Ⅹ 1962). Истата година бил назначен за главен просветен референт и главен и одговорен уредник на органот на МПЦ „Весник“. Во наредната година првин бил произведен во протојерејски чин, а веднаш потоа и во чинот ставрофор, носејќи го црковното достоинство протојереј-ставрофор. Подоцна работел како секретар на Матицата на иселениците од Македонија (1966-1967), секретар на Програмскиот колегиум (1967-1969) и уредник на Образовната програма на Радиотелевизија Скопје (1969-1975), виш научен соработник (1975-1978) и научен советник (1978, до пензионирањето) во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на институтскиот „Гласник“, претседател на Научниот совет, раководител на повеќе проекти, професор на постдипломските и докторските студии и др. Автор е на голем број монографии, околу 300 статии и други научни прилози, драмски серии, ТВ-драми и документарни емисии. Од неговиот телевизиски опус, особен успех постигна со телевизиските серии „Курирот на Гоце“, „Јуначко колено“ (за детството на Никола Карев), „Детето и гулабот“ (за Никола Вапцаров), хумористичната серија „шути и рогати“ и тв-драмата „Смилевски конгрес“. Негова главна научна преокупација беше македонската црковна историја, историјата на МПЦ и културнонационалното минато. БИБ: Просветната политика на Егзархијата и училишните бунтови во Македонија, Скопје, 1960; Македонското националноослободително движење и Егзархијата (1893-1912), Скопје, 1963; Црковна историја на македонскиот народ, Скопје, 1965; Митрополитот скопски Теодосиј – живот и дејност (1846-1926), Скопје, 1965; Санстефанскиот мировен договор и Македонија, Скопје, 1968; Охридската архиепископија, Скопје, 1968; Туѓите пропаганди во Македонија, Скопје, 1968; Никола Карев, Скопје, 1971; Негативното влијание на надворешните фактори врз националното будење на македонскиот народ до 70-те години од ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1979; Борбата за автокефалност на православните цркви во Европа создадени во ⅩⅩ век, Скопје, 1979; За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Скопје, 1980; Правилата-уставот на Македонскиот востанички комитет во Кресненското востание, Скопје, 1980 (со коавтори); Македонските општествено-културни текови во феудализмот, Скопје, 1981; Македонската лига и Уставот за државно уредување на Македонија од 1880 година, Скопје, 1984 (со коавтори); Македонската борба за црковна и национална самостојност во ⅩⅠⅩ век (Унијатското движење), Скопје, 1988; Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989; Развојот на македонската национална мисла (1878-1918), Скопје, 1989. ЛИТ.: Животот и делото на д-р Славко Димевски (1920-1994). Материјали од научниот собир посветен на животот и дејноста на д-р Славко Димевски, одржан на 23 април 2004 година во Скопје, по повод 10-годишнината од смртта (1994-2004), ИНИ и ИСППИ, Скопје, 2007, 1-470. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *