ЕЗЕРА

ЕЗЕРА. Во РМ има над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на: тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акуНајниското планинско езеро Локув на планината Дешат (1.565 м) мулации. По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Природните постглацијални езера се делат на ерозивни, акумулативни и комбинирани. Од нив позначајни се: Боговинското Езеро, Големото и Малото Пелистерско Езеро, Црното Езеро, Караниколичкото Езеро, Подгоричкото Езеро и др. Најниското планинско езеро се наоѓа на височина од 1.565 м (езерото Локув на планината Дешат), а највисокото на 2.470 м (езерото Голем Кораб на планината Кораб). Засега единствен пример на урниски тип езера кај нас е Моклишкото Езеро, кое е настанато во долината на Ваташка Река, со урнување на една од долинските страни и со преградување на речната долина. Единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера кај нас е езерото Острово кај манастирот „Свети Наум”. Органогените езера се зачувани на мали и ограничени површини во мочуришните терени. Тие се настанати со седиментација на органска материја при уништување на некогашните езера. Нив во минатото ги имало повеќе, а денес позначајни се: Сини Вирој, Новоселски Вир 1, Новоселски Вир 2 (во сливот на р. Сатеска), во Дебарца и на други места. Вештачките езера претставуваат посебен тип езера кои ги гради човекот и нивната вода се користи за повеќе намени.ЛИТ.: Драган Василевски, Класификација на езерата во Република Македонја според начинот на постанокот на езерските басени, „Географски разгледи”, кн. 30. Скопје, 1995. Др. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *