ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА

ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА -. најраспространет и најважен вид на деградација на почвата. Ерозијата кај нас зависи од редица природни и антропогени фактори, меѓу кои на прво место е уништувањето на природната вегетација. Во далечното минато 95% од територијата на РМ била покриена со природна шумска вегетација. Со нејзиното уништување и деградирање се добиени големи површини пасишта, обработливи површини и голини (340.000 ха). Кај нас ерозијата е толку поинтензивна колку што се врнежите со поистакнат пороен карактер, колку наклонот на теренот е пострмен, колку еродибилноста на почвата и супстратот е поголема, колку природната вегетација е посилно деградирана или уништена и ако агротехниката е понеприспособена кон ерозивните процеси. Со ерозија не само што се однесува целата почва или дел од неа, туку посилно се однесуваат нејзините најважни делови (глината, хумусот, нутриентите). Таа има и други негативни последици: нерегулиран воден режим во водотеците, поплави, дигање на нивото на подземните води, таложење големи количества груб нанос, уништување на инфраструктурни објекти, полнење на вештачките акумулации со нанос и др. Со картата за ерозија на почвата се претставени пет категории ерозија чиј интензитет опаѓа од Ⅰ конⅤкатегорија. Првите три категории изнесуваат 38% од територијата на РМ. Произведениот годишен нанос со ерозија одговара на 1.700 ха почва, длабока 100 цм. РМ е една од најзагрозените земји со ерозија во Европа. Ѓ. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *