ЕТНОМУЗИКОЛОГИЈА

ЕТНОМУЗИКОЛОГИЈА -. наука што се занимава со проучување на музичкото народно творештво. Нејзиниот поевидентен развој започнал кон осумдесеттите години на ⅩⅠⅩ в., а пресудно значење имало започнувањето со техничките мерења на интервалите и појавата на фонографот и тонските снимања. Со појавата и употребата на магнетофонскиот апарат уште поизразито се прошириле разните етномузиколошки истражувања. До Втората светска војна македонскиот музички фолклор го проучувале, главно, истражувачи од Србија и од Бугарија, Л. Куба од Чехословачка и Васил Хаџиманов. По Ослободувањето, освен В. Хаџиманов, на етномузиколошки истражувања се оддале и Живко Фирфов, Методија Симоновски, Александар Линин, а подоцна и Ѓорѓи Ѓорѓиев, Трпко Бицевски, Михајло Димоски, Боривоје Џимревски, Миле Брзанов и Кирил Тодевски. Денес е во подем нова млада генерација етномузиколози. ЛИТ.: Драгослав Девић, Етномузикологија, Ⅲ део (скрипта), Београд, 1977, 47; Ѓорѓи М. Ѓорѓиев, Македонската етномузикологија и нејзиниот современ развој, „Музика“, И, 1, Скопје, 1998, 73-80. Ѓ. М. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *