ЗДРАВКОВСКИ, Зоран

ЗДРАВКОВСКИ, Зоран (Бел-град, 16. Ⅲ 1953) – редовен професор (2001) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1975) како најдобар студент од својата генерација и магистрирал (1982) во Скопје, а докторирал (1989) во Љубљана (Словенија). Бил на двегодишен постдокторски престој во Њу Орлеанс (САД). Одржувал настава по неколку предЗоран Здравковски мети од областа на неорганската хемија и примената на компјутерите во хемијата, а подолго време предавал и медицинска хемија за студенти од Медицинскиот факултет. Научната работа му е од органската и квантната хемија. Секретар е на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а учествувал и во уредувањето на списанието „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија”. Регионален уредник е на меѓународното списание „Молецулес”. ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 230; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, 234–235. Б. ш. Цане Здравковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *