ЗЕЛЕНИКОВО

ЗЕЛЕНИКОВО – село во Скопско. Се наоѓа во Таорската клисура, од десната страна на р. Вардар, на надморска височина од околу 230 м. Со Скопје е поврзано со регионален пат и железничка линија. Има 771 ж. од кои 706 се Македонци, а 61 ж. се Роми. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 17.695 ха, а има 14 населени места во кои живеат 4.077 ж. Има осумгодишно училиште, здравствена станица и поголем број викенд-куќи. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *