ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА – настануваат релативно често. Од 1901 до 1996 г. во регионот до 100 км од границите на РМ имало 27 потреси со магнитуда што надминува 6 степени според Рихтеровата скала од кои два биле со магнитуда повеќе од 7. Најсилен бил земјотресот од 1904 г. во регионот меѓу Пехчево и Кресна (сега соседна Бугарија), а потоа следува земјотресот кај Валандово во 1931 г. Најголем број човечки жртви и материјални штети имало во Скопскиот земјотрес од 1963 г. Настанатите земјотреси се групираат во три региони, по должината на границата со Албанија и по долините на Вардар и на Струма. Жариштата на земјотресите се релативно плитки и обично не надминуваат неколку десетици километри со што нивното влијание е ограничено на помало подрачје на површината. В. Ур. Лилјана Зенделска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *