ИВЕЦ, Мануил

ИВЕЦ, Мануил (XI в.) – македонски благородник од познатата фамилија Ивец, роднина на прочуениот Самуилов војсководец Ивец, војсководец на Петар Делјан. Направил кариера на византискиот дворец, припаѓал на кругот на најдоверливите луѓе на царот Михаил Ⅳ (1034–1041). За време на востанието на Петар Делјан (1040– 1041) им се придружил на востаниците. При крајот на востанието, на Плетвар подигнал дема (дрвена пречка) за да го спречи напредувањето на Византијците. Демата била разурната, а тој бил заробен. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И, Тхурн, Берлин, 1973, 411, 40–45, 414, 40–47. К. Аџ. Павле Ивиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *