КИРКОВ, Никола

КИРКОВ, Никола (Велес, 21. Ⅵ 1920 – Скопје, 19. XI 1993) – новинар и публицист. Учесник во НОБ од 1941 г. Во јуни 1943 г. како партиски инструктор во Одредот „Добри Даскалов”, уапсен во Велес под недоволно разјаснети околности, осуден на доживотна робија, но избегал од КПД „Идризово” на 28 август 1944 г. По Ослободувањето ги уредува весниците „Брегалнички глас” (Штип) и „Вардарски глас” (Велес), од 1946 г. во в. „Нова Македонија” до пензионирањето (1983), со повеќегодишен прекин кога бил директор и главен уредник на „Стопански весник”. Во „Нова Македонија” бил уредник на Стопанската рубрика, директор на НИП за економски прашања и дописник од Софија. Објавил 14 прозни, патописни и публицистички дела групирани во петтотомни „Собрани дела”. Б. П. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *