КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (840 – 27. Ⅶ 916) – светител, прв словен-ски епископ во Македонија, просветител и книжевник. Еден од најблиските ученици и соработници на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј. Изворите не даваат податоци за потеклото, местото и годината на неговото раѓање. Според неговото „Опширно житие”, напишано од охридскиот архиепископ Теофилакт (врз основа на постаро словенско житие), се вели дека св. Климент го придружувал својот учител св. Методија уште од неговата рана младост или од рано детство и дека „со свои очи ги видел сите дела на Учителот”, когошто си го поставил за образец на својот живот; може да се претпостави дека потекнува од Македонија, каде што св. Методија управувал со Брегалничката област. Дружењето со него, а подоцна и со св. Кирил, му овозможило да се здобие со извонредно образование, поради што бил земен и во познатата Моравска мисија (863–885) и се здобил и со извонредно пастирско и мисионерско искуство. По смртта на св. Методиј во 885 г. и прогонот на неговите ученици, св. Климент, заедно со св. Наум и Ангелариј, преку Белград стигнале во Плиска. Оттаму дошол за учител во Македонија, во областа Кутми-Распоред на климатските региони во Република Македонија чевица. Во седумгодишната учиФреска: св. Климент Охридски, во црквата „Св. Богородица Перивлепта” („Св. Климент”), Охрид (ⅩⅣ в.) телска дејност ги положил темелите на македонската и на словенската писменост на т.н. Охридски книжевен центар и подготвил терен за замена на грчката ерархија со домородна. Во 893 г. станал прв епископ на Дремвица или Велика, проповедал и богослужел на словенски јазик. Како епископ развил уште позасилена пастирска, просветителска, црковно-организаторска и литературна дејност. Покрај преведувањето и докомплетирањето на потребната богослужбена и друга за евангелската мисија потребна литература, за потребите на свештенството и на верниот народ Божји тој составил и прости и јасни слова, поуки и похвали за сите празници во чест на Пресвета Богородица, св. Јован Крстител, за пророци, апостоли, маченици, преподобни и други категории светители. Освен проповедите, св. Климент пишувал и химнографски творби – служби и канони. Тој се смета за автор или, најмалку, коавтор на житијата на неговите Учители св. Кирил и Методиј. Така св. Климент ги положил здравите темели на Охридската архиепископија, а со своето литературно и мисионерско дело зрачел и н” задолжил нас Македонците и сите православни словенски народи. ЛИТ.: Петар Хр. Илиевски, Светила незаодни, Скопје, 1999; Јован Таковски, Прос-вештението во теологијата на свети Климент Охридски, Скопје, 2006. Ј. Так.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *