КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење

КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење (ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в.) – вселување инородно население на територијата на Македонија. Најважниот фактор на османлиската колонизација во Македонија биле турските номадски сточари, пред с” Јуруците. Уште кон крајот на ⅩⅣ в., доброволно или со присила од државата, биле префрлувани од Мала Азија. Јуруците биле вклучени и во посебна воена организација што ја помагала редовната османлиска војска. Првите податоци за присуство на Јуруците во Македонија датираат од ⅩⅤ в. и се однесуваат за околината на Прилеп. Подоцна Јуруците биле колонизирани и во Битолско и Леринско. Најинтензивното доселување на Јуруците се случило кон крајот на ⅩⅤ и ⅩⅤⅠ в. кога била создадена и посебна територијална организација на Јуруците во Солунскиот и во Овчеполскиот јуручки санџак, во кои биле опфатени најголемиот дел од Јуруците во Македонија. Се смета дека кон средината на ⅩⅤⅠ в. бројот на јуручкото население во Македонија стигнал ок. 140.000. Оваа колонизација дове-ла до значајни промени во демографската структура на одделни региони, а исто така и до промени во структурата на селското стопанство засилувајќи го пред с” сточарството. Во времето на османлиското владеење на територијата на Македонија се доселило и бројно еврејско население, посебно по нивното протерување од шпанија и Португалија (1492). ЛИТ.: Александар Стојановски, Градовите на Македонија од крајот на ⅩⅣ до ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1981; А. Вацалопоулос, Хисторѕ оф Мацедониа, 1354–1883, Тхессалоники, 1973; Мустафа АкдаЃ, Тњркиѕе’нин иктисадџ ве иќтимаи тарихи, цилт Ⅹ, 1243–1453, Истанбул 1974. Др. Ѓ. Симо Младеновски: Банаткото село Јабука (1986)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *