КОН-ПОПОВСКА, Маргита Владиславова

КОН-ПОПОВСКА, Маргита Владиславова (Битола, 23. XI 1948) – информатичар, ред. проф. (1998) на ПМФ. Дипломирала (1972) на Отсекот за техничка математика при ПМФ во Љубљана, магистрирала (1975) на Економскиот факултет во Љубљана, каде што и докторирала (1992) со темата „Енопараметарско звезно линеарно програмиранје, теоретични ин алгоритемски пристоп”. Главна научна преокупација $ е параметарското линеарно програмирање. Раководела голем број стручни проекти и апликации и е шеф на Институтот за информатика (1993-1995 и 2005-). ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 706/98 и 588/93. Н. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *