КОПЕПОДИ

КОПЕПОДИ (Цопепода) – поткласа веслоноги организми од класата на ракообразни (Црустацеа) што ги населуваат морињата, со повеќе од 2.500 видови Копепод и копнените води со околу 2.000 видови. Во мирните копнени води масовно се развиваат и му даваат основен белег на зоопланктонот во езерата, блатата, мочуриштата и во помалите ефемерни води, играјќи значајна улога во веригата на исхраната, затоа што се хранат со ситни микроскопски организми, а служат како храна за рибите и водоземците. Тоа се ситни организми, чија должина на телото не надминува 1–2 мм, чие тело е јасно поделено на торакс и абдомен. Во средината на предниот дел од главата е сместено единечно око со упадлива црвена или црна боја, па оттаму најпознатиот род од копеподите „Цѕцлопс” го добил името, алудирајќи на џинот киклоп од грчката митологија, чие единствено око било сместено на средината на челото. Во копнените води на европскиот континент се регистрирани околу 500 видови, додека во Македонија вкупниот број изнесува 140 видови, кои припаѓаат на три реда. Редот циклопоидни ракчиња (Цѕцлопоида) е претставен со 60 видови, од кои 10 се македонски ендемити. Редот харпактикоидни ракчиња (Харпацтицоида) со 50 видови, од кои 6 се ендемити и ре-дот каланоидни ракчиња (Цаланоида) со 30 видови, меѓу кои не се регистрирани ендемични форми. ЛИТ.: Т. Петковски, Фауна на Македонија В, Цаланоида (Црустацеа, Цопепода), Природонаучен Музеј на Македонија, Скопје, 1983; Т. Петковски, Беитраг зур Кеннтнис дер југослависцхен Цѕцлопиден, „Ацта Мус. Мацед. Сци. Нат.”, 2 (1), Скопје, 1954, 1–32; П. А. Меглитсцх, Инвертебрате Зоологѕ, Оџфорд, 1972; Ј. Иллиес, Лимнофауна Еуропаеа. А Цхеклист оф тхе Анималс Инхабитинг Еуропеан Инланд Њатерс, њитх Аццоунтс оф тхеир Дистрибутион анд Ецологѕ (еџцепт Протозоа), Стутгарт/Нењ Ѕорк/Амстердам, 1978. Св. П. – В. Сид. Страница од кириличниот ракопис Копитаров триод (ⅩⅠⅠⅠ в.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *