КОПОРАН –

КОПОРАН – . горна облека што се носела во потоплиот период во годината, наместо гуњата. Тој е долг до половината, колку да го покрие појасот. Ракавите биле прошиени само на едната страна – на рамената и од средината надолу. Ретко се облекувале и најчесто се носеле пуштени. Бил изработуван од црна боена клашна и богато украсен со гајтани. Во горните планински села како додаток имал голема јака, која при лошо време можела да се формира во ќулавка. Ј. Р.-П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *