КОСТОВА, Марија Борева

КОСТОВА, Марија Борева (Крушево, 5. Ⅳ 1946) – педагог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет Марија Костова во Скопје (1969). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Сараево (1981), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1989). Целиот работен век го поминала на Филозофскиот факултет во Скопје. За редовен професор по предметите Општа педагогија и Методика на воспитната работа е избрана во 2000 г. Била раководител на Институтот за педагогија. Има објавено поголем број трудови од областа на општопедагошката проблематика. БИБ.: Оптовареноста на учениците, 1995; Педагогија за трета година гимназиско образование, 2005, (коавтор) и др.ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 249. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *