КОЦАРЕВ, Љупчо

КОЦАРЕВ, Љупчо (Скопје, 25. Ⅱ 1955) – електроинженер, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (од 2007), истражувач во Институтот за нелинеарни науки на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего (од 2000), член на МАНУ вон работниот состав (од 2003), редовен член на МАНУ (од 2007) и секретар на Претседателството на МАНУ (од 2007). Дип-Љупчо Коцарев ломирал (1980) на ЕТФ во Скопје, магистрирал (1988) на ЕТФ во Белград и докторирал (1989) на ПМФ во Скопје со тема за границите меѓу базените на привлекувањето кај нелинеарните еднодимензионални пресликувања. На ЕТФ во Скопје бил вонреден професор по предметот Физика, истовремено бил ангажиран и на постдипломските студии на ЕТФ и ПМФ во Скопје. Од 1998 г. престојувал во САД и работел на теориските и апликативните аспекти на нелинеарните појави како што се синхронизацијата и контролата на хаотичните системи, преносот на информации со хаотични носители и други сродни прашања. Раководел со повеќе проекти и остварил меѓународна соработка со голем број институции. Објавил повеќе од 100 статии во врвни светски списанија, а особено е забележана неговата работа во врска со концептот за генерализираната синхронизација. Во 2006 е избран за Феллоњ на ИЕЕЕ (почесен член на Друштвото на електроинженерите во САД). ЛИТ.: Билтен на ⅩⅣ Изборно собрание. Предлози на кандидати за избор на членови на МАНУ надвор од работниот состав, Ⅲ, февруари 2003, 93-110. В. Ур. Ристо Коцарев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *